Студено време со врнежи од снег и силен ветер

Времето денес ќе биде облачно, студено и ветровито, со повремени врнежи претежно од снег. Во планинските региони и во западните делови ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 20 сантиметри.
Долж Повардарието врнежите ќе бидат од дожд и снег и на места ќе се формира помала снежна покривка. Поради силниот ветер од над 70 км/ч можно е формирање на снежни наноси.


Утринската температура ќе се движи од -3 до 5 степени, а дневната од -1 до 8.
Во Скопје облачно, студено и ветровито со повремени врнежи од дожд и снег.
Во Скопје облачно, студено и ветровито со повремени врнежи од дожд и снег. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 5 степени.
Од четврток ќе преовладува променливо облачно, ветровито и студено време.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.