Студено време со појава на магла, метеоролозите најавуваат промена за викендот

Времето во земјава во утринските часови ќе биде студено и во некои котлини со појава на магла. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб претежно северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од -8 до 0, а дневната од 8 до 16 степени.
Во Скопје, утрото студено и магливо, а преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус 4, а дневната ќе достигне до 9 степени.
Во следните денови продолжува стабилното и сончево време со ниски утрински температури. Понекаде во котлините наутро ќе има услови за појава на магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот. За време на викендот ќе настапи промена на времето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.