Студено со снег и ветер

Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од снег, повеќе во западните и северните делови. Снежната покривка во овие делови дополнително ќе се зголеми за 10 до 20 сантиметри. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од – 6 до плус 1, а дневната од – 4 до 3 степени над нулата.
И во Скопје слично време, облачно со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до – 5, а дневната ќе достигне до – 1 степен Целзиусов.
Од петок до недела времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со услови за магла по котлините.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.