четврток, 26 ноември 2026
Најново

Студентка од Косово пронајдена мртва во Тетово

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Тетово вечерва го потресе шокантно откритие – помеѓу зградите спроти Центарот за социјални работи било пронајдено безживотно тело на млада девојка. Според првичните информации, станува збор за студентка од Косово која студирала во Тетово.

Полицијата веднаш излегла на лице место и започнала увид, а таму присуствува и јавен обвинител кој ја води истрагата. Засега нема официјални информации за тоа како настанала трагедијата, ниту дали станува збор за несреќен случај или нешто многу посериозно.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Соседите кои живеат во околните згради изјавиле дека вечерта слушнале вознемирувачки звуци, но никој не можел да претпостави што навистина се случува. Местото е целосно обезбедено, а истражните органи собираат докази кои би можеле да ја откријат вистината зад смртта на младата девојка.

Тетово е во шок и неизвесност – јавноста со нетрпение очекува повеќе детали од истрагата која треба да утврди што точно се случило во оваа трагична вечер.

Поврзани вести