Студент избркан од приемен испит откако седум пати одбил да ја стави маската над носот

Студент, кој во саботата го полагал стандарниот приемен испит за Универзитетот во Токио, бил дисквалификуван откако одбил да го покрие носот со маската и со тоа ги прекршил правилата.
Организаторот на групниот испит за јапонските медиуми информирал дека студентот не ги испочитувал инструкциите на супервизорите, иако седум пати му било напоменато да ја намести маската правилно.
Центарот каде се одржуваат испитите потенцирал дека правилата мора да се почитуваат, а доколку некој од студентите поради медицински причини не може да носи маска, за него се обезбедува посебна просторија, а тоа мора да го најави ден пред испитот. Конкретниот студент не побарал тоа да му се обезбеди, но и не ја кажал причината зошто седум пати одбил да го покрие носот. Тој бил избркан од полагањето и со тоа се смета дека паднал на испитот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.