Студија на фондацијата Фридрих Еберт: 80% од младите сакаат да ја напуштат Македонија

Осум од десет млади сакаат да ја напуштат Македонија. Последната студија на фоднацијата Фридрих Еберт покажува загрижувачки податоци за желбата на младите да ја напуштат земјата. Статистиката вели дека половина од нив веќе преземаат конкретни чекори за напуштање на државата, додека другата половина сака да се пресели во западните земји но тоа кај нив останува само желба. Трите главни причини за иселувањето на младите од Македонија се подобро образование, подобри можности за вработување и подобар животен стандард.
Тој податок дека процентот е висок е делумно точен, меѓутоа не е тоа бројката на млади кои преземаат било какви чекори односно се сигурни во тоа дека сакаат да ја напуштат земјата, што значи дека доколку им се укажат можности за подобрување на животниот стандард, голем дел од нив би останале, вели Нита Старова од Фондацијата Фридрих Еберт.


Дел од статистиките кои ги покажала студијата велат дека младите реагираат на корупцијата, социјалната неправда, сиромаштијата, невработеноста. Иако сакаат да се образуваат, младите во Македонија, сметаат дека за вработување повеќе ќе им помогнат врските отколку знаењето. Германија е дефинитивно најпосакувана дестинација за иселување, а по неа следи Швајцарија, покажува студијата.
–Тие покажуваат висока мотивација за учење меѓутоа се загрижени дали ќе најдат работа по завршување на образованието. Преферираат високо образование. за вработување сметаат дека повеќе ќе им послужи да имаат контакти и врски за да се вработат, отколку што тоа ќе го направат квалификациите и завршеното образование, изјави Марија Топузовска Латковиќ од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.