На пресот на виcепремиерот Александар Николовски со како што рече убава вест која сака да им ја соопшти на граѓаните дека оваа влада и спасила на државата 115 милиони евра колку што барала компанијата како оштета за неотварање на рудникот за кој добиле концесија реагираше екс вицепремиерот Битиќи и го потсетува Николовски дека владата на ВМРО ДПМНЕ ја доделила концесијата за Казандол а кабинетот на екс премиерот Битичи и тим од експерти го започнале и завршиле судскиот спор за одземање на концесијата.
Тој го демантира Николовски дека тие како што денеска вели се бореле и го добиле спорот бидејќи истиот завршил во 2023 со затварање на судските рочишта а согласно процедурите арбитражниот суд носи конечна пресуда во рок од 2 години по завршните зборови.
Концесијата дадена од ВМРО-ДПМНЕ, симбол на криминал и коруптивни зделки, падна на арбитража. Државата ја доби битката, нема да плати штета од 115 милиони евра.
Да се потсетиме:
– Случајот односно судските рочишта се затворени во 2023 година
– Арбитражниот суд носи конечна пресуда во рок од две (2) години по завршните зборови
– Тимот што ги застапуваше правата на нашата држава во целиот тој процес се водеше со јасни определби и насоки од страна на мојот кабинет во претходната Влада.
И затоа, искрена благодарност до White & Case, нашите главни застапници во арбитражата, државните службеници и експерти кои вложија знаење и енергија, како и до локалните адвокатски друштва за нивната посветеност и професионалност.
Благодарност до сите што ги застапуваa интересите на државата. Вака се почитува татковината, со искрен настап и без калкулации – а за оние кои имаа други интереси, иднината ќе покаже.
——————-
Пронајдете не на следниве мрежи:


