Судење за случајот „Онкологија“ – Сведоците велат дека дале мито за да добијат терапија

Судењето за случајот „Онкологија“ продолжи со сослушување на сведоци, кои се и оштетени страни во овој случај.

На прашањето на јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска дали имале проблеми со добивањето терапија, еден од сведоците изјави дека биле принудени да платат поткуп од 500 евра за да ја добијат секоја доза терапија.

Според сведокот, лекот бил земен од фрижидерот во ординацијата на Никола Васев и предаден на медицинската сестра за да аплицира. Тој рекол дека нема докази за ова тврдење и не го пријавил, бидејќи не знаел каде да поднесе жалба.

Според сведокот, постапката била следна: прво, „кафе“ во ординацијата на д-р Васев, кој откако ќе го испиел кафето, ќе ѝ го предал лекот на медицинската сестра. Случајот се води против д-р Васев и уште двајца онколози за небрежно лекување на пациентите.
The post Судење за случајот „Онкологија“ – Сведоците велат дека дале мито за да добијат терапија appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: