Судир меѓу полицијата и демонстрантите во Тирана

Судири меѓу албанската полиција и демонстрантите избија синоќа на протестот пред зградата на Владата во Тирана. Протестот беше организиран од основачот и лидер на политичкото движење „Албанија станува“, Адријатик Лапај.

Поддржувачите на Лапај фрлаа брашно пред канцеларијата на албанскиот премиер Еди Рама, како симбол на, како што тврдат, „влада заробена од дрогата“, а дел од брашното беше фрлано и кон полициските службеници, објави албанската телевизија А2.

Според албанските медиуми, дошло до судири меѓу граѓаните и полицијата, при што полицијата привела неколку демонстранти.

Пронајдете не на следниве мрежи: