Судот му го додели старателството на Милан: Северина ја губи битката за синот Александар?

Хрватската пејачка Северина (47) и нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ (54) денес требале да се појават пред граѓанскиот суд во Загреб, но двајцата не дошле.
Во правната битка за старателството на синот, Северина го загуби спорот со Милан, јавуваат хрватските медиуми.


-Задоволни сме со пресудата иако се уште не е правосилна. Се надеваме дека мајката ќе се придржува до привремените мерки, истакнал адвокатот на Милан.
Судијката Теа Голуб донела привремена мерка и одлучила детето да живее со таткото кој самостојно треба да се грижи за здравјето и образованието на детето. Во одлуката судијката не навела на која адреса ќе живее малиот Александар.
Адвокатите на Северина оваа одлука ќе се обидат да ја оспорат поднесувајќи жалба на истата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.