четврток, 26 ноември 2026
Најново

Сузана Манчиќ преживеала атентат

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Сузана Манчиќ е една од најпознатите ТВ лица на просторите на поранешна Југославија.
Она што не е познато за неа е дека кон крајот на 1990 година некој се обидел да ја убие. Тоа се случило на 28 ноември кога непозната личност пукала кон автомобилот во кој била Сузана со нејзиниот поранешен сопруг Небојша Круниќ.


-Беше тоа класичен атентат. Некој пукаше во нашиот автомобил кога пристигнавме во Осијек, на Денот на републиката. Останаа две големи дупки на автомобилот. Небојша ги забележа кога автомобилот го однесе на механичар. Ниту Небојша, ниту јас не слушнавме никакво пукање, тоа сигурно поради брзината. Дека тоа е вистина може да потврдите и лично бидејќи метакот е заглавен во вратата, изјави Сузана во 1990 година.

Поврзани вести