Сузана Манчиќ ќе оди во пензија, откри со што ќе се занимава

Сузана Манчиќ наскоро ќе го слави својот 63. роденден, па по тој повод проговорила за животните промени што ја чекаат.
– Следната година, по сила на законот, ќе заминам во пензија. Ќе видите како ќе се распишам во пензионерските денови – речкла Сузана во една ТВ-емисија.
Нејзината изјава веднаш укажала на идејата дека по две автобиографии таа ќе напише и трета, но можеби и нешто ново, со што ќе ги изненади сите.


– Јас сум писател. Во обид, впрочем, но писател – рекла радосно Сузана.
Да потсетиме, Сузана досега објави две автобиографии, „Нескротливо срце“ и „Како да сум сонувала“.
– Оние што ги читаат моите автобиографии, велат дека созреав како писател. Кога веќе сум се распишала, зошто да не продолжам? Сега ќе пишувам за семејните тајни. Секое семејство крие некоја тајна и ја става под килимот. Сакам да раскажам приказна која на моменти ќе биде убава, потресна и нема да има среќен крај. Пишувањето е како готвење. Постои основен рецепт, и од мајсторот зависи колку јадењето ќе биде топло, мрсно и зачинето – рече таа во една пригода.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.