Сунак и Фон дер Лајен со критики кон Русија поради смртта на Навални

Британскиот премиер Риши Сунак и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во неделата зборуваа за Украина, Газа, Црвеното Море и смртта на Алексеј Навални, изјави портпаролот на Даунинг стрит.

„Премиерот и претседателката Фон дер Лајен го изразија својот бес поради смртта на Алексеј Навални и ја истакнаа најголемата важност да се повикаат на одговорност одговорните во рускиот систем“, се вели во соопштението на портпаролот.

Сунак и фон дер Лајен, исто така, ги осудија нападите на Хутите во Црвеното Море, се вели во соопштението, додавајќи дека премиерот го информирал шефот на комисијата на ЕУ за неговите неодамнешни разговори со израелскиот премиер и кралот на Јордан за ситуацијата во Израел и Газа.

Пронајдете не на следниве мрежи: