четврток, 12 ноември 2026
Најново

СУПЕРДИЕТА КОЈА ЈА ОСВОИ ПЛАНЕТАТА: Овој режим на исхрана ги топи килограмите

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Оваа диета дефинитивно ќе ви помогне да изгубите тежина, иако тоа не е нејзината основна цел

Многу жени често страдаат од габичките од родот Кандида, кои вообичаено постојат во човечкото тело, но кога тие се шират прекумерно, се јавува инфекција.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во нормални ситуации, добрите бактерии ја држат оваа габичка под контрола, но ако се шири или ако имунолошкиот систем е компромитиран, Кандидата брзо се размножува, што доведува до непријатна инфекција. Бројни фактори можат да придонесат за ширење на Кандида, како што се земање антибиотици, кортикостероиди, имуносупресиви и орална контрацепција, прекумерно консумирање шеќер, дијабетес, стрес…

Она што помага да се држи габата под контрола е се попопуларната диета „Кандида“, според Healthline.
Наменета е првенствено за контрола на оваа габичка, но бидејќи е рестриктивна и бара намалување на внесот на шеќер и елиминација на белото брашно, придонесува и за слабеење.

Оваа диета исклучува шеќер, глутен, алкохол, одредени млечни производи и штетни адитиви, а го зголемува внесот на овошје со малку шеќер, зеленчук без скроб и храна без глутен.

Што се јаде на Кандида диетата?

Според медицинската платформа Healthline, оваа диета бара на вашето мени да бидат следниве намирници:

– овошје со помалку шеќер: агруми и бобинки

– зеленчук без скроб: моркови, зелка, брокула, кељ, целер, модар патлиџан, кромид, спанаќ, тиквички, домати, краставици

– житарки без глутен: киноа, просо, овесни трици, хељда

– висококвалитетни протеини: пилешко, јајца, лосос, мисирка, сардини

– здрави масти: авокадо, маслиново масло, нерафинирано кокосово масло, масло од сусам, маслинки

– одредени млечни производи: органски кефир, путер, јогурт

– зачини: црн пипер, лук, ѓумбир, оригано, рузмарин, куркума, мелен црн пипер, цимет

– пијалоци без кофеин: билни чаеви, бадемово млеко, кокосово млеко без адитиви, вода со лимон или лимета