Суровата нафта од типот Брент денес достигна цена од речиси 105 долари за барел, што е зголемување од повеќе од 40 проценти од почетокот на војната со Иран. Цената на барел Брент, кој се смета за меѓународен стандард, се зголеми за 1,6 проценти и сега изнесува 104,73 долари, објави Асошиејтед Прес.
Цената на американската сурова нафта порасна за еден процент на 99,68 долари за барел, што е зголемување од речиси 50 проценти од почетокот на војната. За нешто повеќе од една недела откако беше затворен Ормутскиот теснец, повеќе од 12 милиони барели еквивалент на нафта дневно се затворени, според независната истражувачка фирма „Ристад енерџи“.



