Суфлаки на Халкидики и на Лефкада не е исто јадење: Ова мора да го знаете пред да одите на летување во Грција

И Грците често знаат да се збунат. Со оглед на тоа дека голем број од туристите летуваат во областа на северна Грција тогаш треба да знаете дека тоа што е суфлаки на Халкидики, не е истото јадење во Атина, односно во јужна Грција.


Таму тоа е гиро.
Доколку едно лето сте летувале на Халкидики, а следното на некој од Јонските острови тогаш може да дојде до забуна затоа што можно е да добиете погрешно јадење.
Популарнити ражничи кои ги знаеме како суфлаки, во Атина се нарекуваат каламаки. Да бидеме попрецизни – деминутивот суфлаки доаѓа од грчкиот збор σούβλα што значи ражнич.
Додека луѓето во Солун се водат според логиката дека тоа е ражнич, Атињаните го сметаат за месо на стапче па оттука и различните значења за ова јадење.


Но, што се случува доколку во јужна Грција нарачате суфлаки?
Тогаш ќе добиете гиро.
Атињаните гирото го нарекуваат суфлаки. Во северна Грција се вика гиро поради месото кое се врти во круг. На југот повторно имаат друга логика.
Поради тоа доколку се наоѓате во областа на северен Егеј или Солун и сакате да изедете суфлаки тогаш нарачајте го под истото име. На островите во јужна Грција или пак во областа Атика околу Атина мора да го наречете каламаки.
Доколку сакате да јадете гиро тогаш со истото име треба да го нарачате во северна Грција, но на југот ќе мора да нарачате суфлаки за да добиете гиро.
Што се однесува до прилогот доколку на север кажете дека сакате сè тогаш ќе добиете: кечап, сенф, домат, кромид и помфрит, а на југ наместо кечап и сенф ќе добиете цаѕики салата.
Овие разлики често се истакнуваат како главна разлика помеѓу Солун и Атина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.