Сè мора да биде на свое место: Четири знаци опседнати со чистота

Заборавете на нередот – овие хороскопски знаци не можат да заспијат додека мијалникот не е празен, кујнската маса не е без трошки, а далечинското не е точно на средина од масичката за кафе. Чист простор, чист ум – тоа е нивната животна филозофија! Ако ова ви звучи познато, можеби сте еден од нив…ДевицаАко постои знак кој точно знае каде стои секој чорап, тоа е Девица. Сè во нејзината куќа е сортирано по боја, големина и емоционална важност. Нема да те осудуваат… но сепак ќе ти ја дезинфицираат кваката по патот. Затоа што – зошто да не?ЈарецЈарците можеби не зборуваат многу за тоа колку се педантни, но нивниот гардеробер кажува сè: кошули превиткани како во продавница, чевли наредени како во воена единица. Да го исчистиш станот? Тоа не е обврска, тоа е терапија.РакРакот го сака својот дом повеќе од сè, а својата љубов ја покажува со мирисот на свежо испрани завеси. Сè треба да биде удобно, меко и да мириса на лаванда. Ако го посетите ненајавено, тој ќе ве пречека со крпа во рака – и топла торта.ВагаВагите можеби нема да фрлат старо списание затоа што „има убава корица“, но постојано ќе усисуваат, ќе ги поместуваат перниците за симетрија и ќе ги чистат огледалата додека не станат беспрекорни. За нив, чистотата е прашање на стил, а не само хигиена.

Пронајдете не на следниве мрежи: