Таа беше кралица на теренот, сега ги победи и килограмите па гордо се соблече

Серена Вилијамс ослабе повеќе од четиринаесет килограми користејќи го Оземпик и се чувствува поздраво, полесно и попривлечно, што го покажува со честите фотографии на социјалните мрежи.Познатата тенисерка Серена Вилијамс, која изгледа подобро од кога било во пензија , објави серија нови фотографии во жолт костим за капење и ги натера многумина да си ги тријат очите, со оглед на тоа што целосно го променила својот физички изглед .Таа неодамна разговараше со списанието „Пипл“ за нејзиното патување за слабеење, откривајќи дека ослабела со помош на лек GLP-1. Разликата помеѓу нејзиниот претходен и сегашен изглед е доста забележлива, а таа ја покажува својата нова фигура во објавите на Инстаграм .Серена позираше во плиткото море во заводлив костим за капење со исечок во средината, а овој морски изглед го комплетираше со зелен шал околу вратот и тркалезни очила за сонце.  View this post on Instagram A post shared by Serena Williams (@serenawilliams)Веројатно се сеќавате на Серена на тенискиот терен и ќе се согласите со нас дека изгледа подобро од кога било досега. Исто така, ќе споменеме дека таа е мајка на две ќерки и се бори со тежината од 2017 година , кога ја роди својата прва ќерка. „Никогаш не можев да ја достигнам тежината што требаше да ја имам, без разлика што правев или колку тренирав . Беше лудо, бидејќи никогаш во животот не сум била во ситуација каде што сум работела толку напорно и сум се хранела толку здраво, а сепак никогаш не сум можела да ја достигнам тежината што ја сакав“, рекла таа.  View this post on Instagram A post shared by Serena Williams (@serenawilliams)Денес е сосема различно и чувството е фантастично. „Се чувствувам навистина добро и здраво. Се чувствувам лесно физички и ментално. “

Пронајдете не на следниве мрежи: