Таа ги засени сите! Иако е во петтата деценија, сите ја гледаа во Лауреус

Во понеделникот во Мадрид се одржа изборот за ласкавата награда Лауреус, а наградата за најдобар спортист на светот му припадна на Арманд Дуплантис, инаку вистинско чудо од спортист!Ја имаше таа привилегија наградата да му ја врачи најдобриот тенисер во историјата, и минатогодишен победник, како и рекордерот кога е во прашање наградата Лауреус – Новак Ѓоковиќ, а гала вечерта ја красеа бројни познати личности од светот на спортот.Некои од нив особено го привлекоа вниманието на светската јавност, меѓу нив е и легендарната скијачка Линдзи Вон .дна од најубавите и најпровокативните спортистки во светот, на настанот се појави во темно, исклучително елегантно, но и доста предизвикувачко издание.Она што особено ги заинтригира сите е нејзината возраст. Имено, Вон оваа година ќе наполни 41 година, односно зачекори во петтата деценија од животот, а нејзиниот изглед се уште го одзема здивот.Како изгледаше Лауреус, и зошто Вон сè уште е една од најубавите спортистки во светот.

Пронајдете не на следниве мрежи: