Таа има најдолга коса на светот, а рекордот го собори поради траума од детството

Една девојка од Индија, ја чува својата титула на тинејџерка со најдолга коса на светот повеќе од една деценија. Признанието е резултат на нејзиното лошо искуство со шишање во фризерски салон.
Ниланши Пател од малиот град Модас, во државата Гујарат, која има 17 години, останува сопственик на Гинисовиот рекорд во должина на коса.
Во 2018-та година, нејзината коса била долга 154 сантиметри, а сега останува „на престолот“ со должина од дури 190 сантиметри.

Нејзиниот горд татко рекол дека поради таквиот рекорд, неговото единствено дете станало прво локална славна личност, а потоа и меѓународно.
Ниланши изјавила дека 11 години не посетувала фризер, бидејќи имала негативно искуство со фризер. Еден неуспех за неа претставувал траума.
-На шестгодишна возраст, бев во салонот и не ми се допадна фризурата, тоа ми донесе нервоза. Моите родители го прифатија мојот став и јасно им е дека мојата коса е дел од мојот шарм, рекла тинејџерката со најдолга коса во светот.
Инаку, Ниланши мора да носи чевли со високи потпетици ако не сака нејзината коса да ја допре земјата, што може да биде многу незгодно.
Исто така, таа мора да ја „затегне“ косата додека плива, затоа што ако не го стори тоа има многу проблеми.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.