Таа преживеа монструозност од Менгеле: Почина Ева, жената од логорот на смртта

Ева Мозес Кор, жената која ги преживеа страшните медицински експерименти во логорот Аушвиц, почина на 85 годишна возраст.
Кор починала во полскиот град Краков, објави организацијата на преживеаните од логорот на смртта. Кор живеела во Романија и како десетгодишно девојче била однесена во нацистичкиот логор Аушвиц во 1944 година, заедно со членовите на семејството, меѓу кои и сестрата близначка Миријам.


Во логорот сестрите биле избрани за псеудо – медицински експерименти на нацистишкиот доктор Јозеф Менгеле. Двете сестри ја преживеале војната, а во логорот им биле убиени родителите и другите две сестри.
Кор по војната емигрирала во Израел, а потоа и во САД, каде ја формирала органзиацијата CANDLES во 1984 на преживеаните од логорите, како и Музејот на холокаустот и едукативнуиот центар во Индијана во 1995.
Кор починала од природна смрт во хотел во Краков, во чија близина се наоѓа и логорот Аушвиц.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.