Тажната судбина на Џеј Рамадановски: Сите го напуштија кога немаше пари – само четворица пејачи никогаш не му свртеа грб

Последните моменти ги помина со својата партнерка Андријана, која и денеска е во близок контакт со семејството, споделувајќи ја нивната тага и љубов кон Џеј.Легендарниот пејач Џеј Рамадановски почина на 6 декември 2020 година на 57-годишна возраст, откако доживеа срцев удар во неговиот стан во Дорчол, оставајќи зад себе неизбришлива трага во музичкиот свет и спомени кои сè уште живеат меѓу неговите најблиски и бројните обожаватели.Од бракот со поранешната сопруга Неда, тој имаше две ќерки, Ана и Марија, кои со гордост ги негуваат спомените за својот татко и честопати раскажуваат анегдоти од неговиот живот. Последните моменти ги помина со својата партнерка Андријана, која и денеска е во близок контакт со семејството, споделувајќи ја нивната тага и љубов кон Џеј.Покрај неговиот уникатен глас и песните кои одбележаа генерации, Џеј беше познат и како човек со големо срце, секогаш подготвен да им помогне на другите. Неговата дарежливост беше легендарна, а пријателите често нагласуваа колку е подготвен да го сподели дури и последното нешто што го има. За ова своевремено проговори неговиот долгогодишен колега Саша Матиќ, кој ја откри тажната вистина за последните години од животот на овој музички великан.– Сите го напуштија Џеј кога тој веќе немаше пари. Со него во тие моменти останаа само вистински пријатели, меѓу кои Аца Лукас, Ацо Пејовиќ, Руле и јас. Беше многу дарежлив. Секој што ќе му побараше нешто на улица, ќе добиеше 100 евра од него – изјави тогаш Саша Матиќ, уште еднаш расветлувајќи го ликот на човек кој несебично давал, без разлика на сопствените околности.Добрината на Џеј живее и денес преку приказните на луѓето кои имале можност да го запознаат. Неодамна, еден корисник на Твитер сподели анегдота која трогна многумина, потврдувајќи ја неговата несебичност.– ,,Пред многу години ќерка ми и нејзините другарки останаа без пари на море. Чекаат пари од Народна банка, седат во Стариот град, пијат кафе… На соседната маса се Џеј и неговата ќерка. Им приоѓа и ги прашува: Девојки, што е проблемот? Му кажуваат. Џеј им нарачува појадок, плаќа за сè и им дава 100 евра” – напишал корисник на оваа социјална мрежа покажувајќи уште еден дел од топлото срце на Џеј.Неговиот турбулентен живот и неверојатна приказна беа претворени во филмот Недела, во кој е детално неговото тешко воспитување, музичкиот подем и сите предизвици низ кои поминал. И додека неговите песни продолжуваат да одекнуваат во срцата на многумина, Џеј засекогаш ќе остане запаметен не само како музичка легенда, туку и како човек кој знаел да сака, да се радува и несебично да споделува со другите.
Pre puno godina moja ćerka i njene drugarice na moru ostale bez para. Čekaju pare iz NS, sede u Starom gradu, dave kafu …za susednim stolom Džej i ćerka. Priđe im, pita Devojke, šta je problem? One mu ispričaju. Džej im naruči doručak, plati— Jasmina2 (@Jasmina23399541) January 2, 2025

Пронајдете не на следниве мрежи: