ТАЖНА ВЕСТ: Ова е првиот новинар во Македонија кој што ја загуби битката со коронавирусот

Битката со коронавирусот ја загуби и првиот медиумски работник од Македонија.
Како што пренесуваат албанските медиуми, станува збор за 44-годишниот Беким Бајрамовски од струшко Лабуништа, кој што работел во локалната телевизиј „Спектра“ во Лабуништа.
Редакцијата на Курир изразува сочуство до неговото семејство и пријателите.
Инаку во Сруга активни случаи со Ковид-19 се 12, од кои еден во Лабуништа. Во меѓувреме, повеќе од 60 нови случаи со Ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа во државава, а еден пациент е починат, информираа за МИА од Институтот за јавно здравје.
Посочија дека од новодијагностицираните случаи со Ковид-19, најголем број се од Скопје.
Повеќе информации за состојбата со Ковид-19 во земјава се очекува да соопшти министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата во 15 часот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.