ТАЖНО: Се намалува бројот на библиотеките и читателите

ТАЖНО: Се намалува бројот на библиотеките и читателите

Според податоците на Државниот завод за статистика и според Kласификацијата на библиотеките, во Република Северна Македонија постојат национални, високошколски, специјализирани, неспецијализирани (општонаучни), библиотеки ‒ национални установи и јавни (народни) библиотеки.
Во 2019 година, во споредба со 2016 година, бројот на специјализираните библиотеки е намален за 9.6 %.
Бројот на останатите библиотеки во 2019 година, во споредба со 2016 година, е благо зголемен.

Во 2016 година имало нешто над 131 илјади членови на библиотеките низ земјава, лани имало скоро 83 илјади. Истовремено опаднал и бројот на корисници на библиотеките, од 893.409 во 2016 година, на 851.600 во 2019 година.

Најголем пад во бројот на членови има кај високошколските и општонаучните библиотеки, додека најголем пад во корисници има кај библиотеките – национални установи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.