Така е тоа кога си обвинет и ти прети затвор. Тогаш не ти е веќе битно името на државата

Владимир Пешевски некогаш беше алфа и омега на Груевски. Палеше и гаснеше во Владата. Никој не знае низ кој партиски канал поминал да биде Вицепремиер. Се разбира упатените знаат дека не се стануваше преку партија ВИЦЕПРЕМИЕР, туку поради блискост со Груевски и по негова волја и милост. Па така и со Пешевски. 
Тогаш беше коњуктирно да се пее ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ – и Пешевски пееше. Ама во меѓувреме и преговарал со кинезите. Денеска не е веќе Вицепремиер и е обвинет за провизии за истите кинези, кои ги градат автопатиштата… Сумата е позавидна. Па затоа излезе со писмо за помирување. Да се сменело и името па ако треба и презимето… Ништо веќе не е важно. Нема потреба од име. Само нека има амнестија, проштевање…
Е ама има еден проблем. Интернетот памети. Еве една песничка во прилог.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.