Талентираното момче од Македонија е хит на аеродромите: Со песна ги забавува патниците во Доха

Македонецот од Австралија, Христијан Спировски, кој потекнува од Битола одржа концерт на клавир на аеродромот во Доха.
30-годишниот Христијан, кој живее во Мелбурн, веќе подолго време е атракција на аеродромите низ целиот свет.

Младиот музичар на светските аеродроми со својата изведба на светските хитови на клавир ги воодушевува сите присутни. Христијан изведува и традиционални мелодии од Балканот.
Тој неодамна ги забавуваше патниците на аеродромот во Доха, Катар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.