Македонски изведувачи ќе пеат на плоштадот во Скопје за дочек на Новата 2026 година

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави кои изведувачи ќе пеат за дочек на Новата 2026 година на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

„Програмата започнува во 19:45 часот со моќниот вокал на Миле Кузмановски, а продолжува со Огнен Здравковски. Следуваат Дина Јашари, легендарните Куку Леле и неповторливата Тамара Тодевска. Кулминацијата ја носат милениците на младата публика Пајак, Лара и Два Бона, додека магичниот момент на пречекот на Новата година ќе го одбележи настапот на Каролина Гочева.

Почитувани скопјани, доста беше мрак. Време е за заедништво и за радост. Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, знае да обединува и знае да биде лидер во културните настани. Со домашни изведувачи, омилени на публиката, создадовме програма што ги поврзува сите генерации. Ова е наш подарок за градот убав – за повторно да живее, да пулсира и да сонува. Ве поканувам сите, драги скопјани, да ни се придружите и заедно да ја пречекаме 2026 година со насмевки, музика и незаборавни мигови“, напиша Георгиевски.

Пронајдете не на следниве мрежи: