На 29 април, по повод Меѓународниот ден на танцот, во 20:00 часот ќе започне 21-то издание на „Танц-фест Скопје“ во Македонскиот народен театар. Во чест на овој ден, Адријана Данчевска Ровчанин ќе ја прочита националната порака, бидејќи таа е оваа година избрана од Танцовиот одбор на ИТИ Македонија да ја напише истата. За време на свеченото отворање, традиционално ќе биде врачено признанието „Менада“ на Роксан Стојанов, ѕвезда од Париската опера. Дополнителен момент на отворањето ќе биде настапот на Танцовата компанија УЦСБ од Санта Барбара, Калифорнија, кои ќе презентираат краток перформанс како вовед за нивната целосна продукција „Рефракции – гласови на светлината и темнината“, која ќе биде изведена на 30 април во МКЦ. Врвот на вечерта ќе биде светската премиера на „Идентитети – будење“, третото и финално дело од трилогијата „Идентитети“, со кое ќе се одбележат 45 години од уметничката кариера на Рисима Рисимкин.
The post Танц Фест започнува вечерва appeared first on 365.mk.


