среда, 18 ноември 2026
Најново

Таравари: Наскоро предлог за фискална конфедерација меѓу Македонците и Албанците

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Еден од лидерите на опозицискиот политички блок на Албанците во земјава најавува иницијатива за нов општествен договор меѓу двата најбројни етникуми, кој, според најавите, би се темелел на постојните принципи на Охридскиот рамковен договор. Во фокусот на идното политичко делување, како што посочува, ќе биде и прашањето на фискалната децентрализација.

Според него, во блиска иднина јавноста ќе биде запознаена со конкретен предлог што би требало да претставува основа за поинаков модел на уредување, со поголеми надлежности и финансиска автономија на општините. Како можни концепти ги спомена формите на нетериторијална конфедерација или федерален пристап, без притоа да навлезе во детали за практичната примена на ваквите решенија.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

– Advertisements –

Во настап во медиумски формат, тој изрази скепса околу стабилноста и долгорочната одржливост на актуелната владејачка коалиција ВЛЕН, оценувајќи дека станува збор за состав од политички субјекти со различни програмски определби, кои тешко можат да функционираат како кохерентна целина.

Дополнително, беше истакнато дека евентуални идни обединувања на политичката сцена би биле можни само меѓу одредени партии со слична ориентација, додека дел од другите актери, според него, претставуваат суштински поинакви политички и организациски структури, со кои е тешко да се најде заедничка основа.

Поврзани вести