Таравари со торпедо за Мицковски! Има сигнали од него дека може да се најде решение за уставните промени

Ќе стане ли Мицковски рекордер на МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИЧКА СЦЕНА по катадневна промена на ставовите?

Немањето доволен број гласови во Собрание за уставните измени е сериозен проблем, меѓутоа има некои сигнали од ВМРО-ДПМНЕ дека оваа партија остава простор да може да се изнајде некакво решение. Ова го изјави Арбен Таравари, в.д. претседател на АА во интервју за АБЦ Њуз. Според него во моментов 74 пратеници би гласале за уставните измени.

Што стана со НОТАРСКИТЕ ГАРАНЦИИ СО КОИ ШТО ПРЕД БЕЛАТА ПАЛАТА МАВТАШЕ МИЦКОВСКИ?

Повеќе медиуми објавија за тоа дека најверојатно освен сигналите се водат и тајни преговори за Уставни промени. Според ова се чини дека ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА Е ТОКМУ ТОА, ФРЛАЊЕ НА ЈАЖЕ ЗА ОВАА ОПЕРАЦИЈА…
Таравари со торпедо за Мицковски! Има сигнали од него дека може да се најде решение за уставните промени

– Проблем се бројките, 64 плус 10 се 74. Недостигаат уште 6 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Сериозен проблем е, иако различни фактори кои имаат импакт во македонското општество велат дека ќе се обезбедат. Има сигнали од ВМРО, од каде велат дека доколку ова е последниот услов на ЕУ и нема други условувања за Македонија, ние сме подготвени да дадеме поддршка. Прв пат, последниве 2-3 недели Мицкоски ова го истакна како можна варијанта и остави простор да се размисли дека може да се најде некакво решение, изјави Таравари.

Но, вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека уставни измени нема да има доколку нема гаранции. Токму за оваа тема се очекува да се зборува на лидерската средба која е свикана за понеделник од страна на премиерот Димитар Ковачевски. Мицкоски потврди дека ќе учествува на средбата. На утрешната средба се очекува да учествуваат сите парламентарни партии освен Левица.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.