Тасевски до хулиганите: Грст народ сме, утепан понижен, па вие уште меѓу себе се мразите и тепате

Со нов коментар на неговиот Фејсбук профил се јави Сашо Тасевски. Тој секогаш предизвикува лавина реакции и голем интерес: Вака требаше бугарашко клубче ко ви отворија во градО. Тогаш не ве видовме вака силни. Ич не ве видовме, додуша. Бевте невидливи.

Таа агресија барем искористете ја кога треба.

Тасевски до хулиганите: Грст народ сме, утепан понижен, па вие уште меѓу себе се мразите и тепате

Алооо бе, грст народ сме, утепан понижен, па вие уште меѓу себе се мразите и тепате.

До кога бе? И зошто?

Ама неее, едниве се ѓоа провинцијалци, а другиве од метрополата. На овие вториве гомното на лаванда им мириса. Тоа што шеснаесет дилери на дрога им шетаат во маало, тое е во ред, тоа што можат да загинат од залутан куршум додека се тепаат банди меѓу себе, исто нема везе. Тоа што градот и државата е веќе поделен на етнички енклави и тоа што стари скопјани продаваат станови за ич пари за да избегаат од една и да се преселат во друга енклава, која етнички им пасува, исто е неважно.

Ама затоа ќе ќе се тепаме меѓу себе, со охриѓани, со битолчани, со прилепчани.

Проста маса.

Кога ќе ви дојде памет бе. Доста ве користат од партиите за тензии на спортски настани.Еве дури и да ви даваат пари за палење такви инциденти, прашајте се дали вреди.

Утре кога ќе ја загубиме целосно државата и народот. Кога ќе ве потпишуваат како се, ама не како Македонци, мислите ќе ви биде важно дали Вардар го победил Пелистер или обратно? Мислите ќе ви се гледа домашен спорт? Мислите ќе постои македонски спорт?

Доста се глупирате. На сите поделби и порази како јавност одамна ни е преку глава да ги гледаме вашите малокурести мачо пресметки.

(фејсбук статус на Сашо Тасевски)

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.