Таткото кој ја уби бремената сопруга и двете ќерки ја откри причината за грозоморниот чин- од овие зборови ќе ви се заледи крвта

Крис Ватс (34) од Колорадо кој ја уби бремената сопруга и двете ќерки тврди дека со него се случило вистинско чудо кое го натерало физички да посегне по своето семејство.
Таткото по овој масакар на своите пријатели кои го посетиле во затворот признал дека го пронашол Бог и дека се кае за стореното дело и тврди дека во него во тие моменти влегол лош ѓавол.
-Вели дека чувствува како некој физички да ги земал неговите раце и ја задавил сопругата и децата. Кога зборуваше за жена му, зборуваше колку ја сака, вели пријателката Ана која го посетила во затворот.


Тој отслужува доживотна казна затвор поради убиството на неговата сопруга Шанон (34) и двете ќерки Бела (4) и Селест (3) во август минатата година.
Неговата сопруга била во 15-та недела од бременоста и носела момче.
Неговата мајка со тамошните медиуми сподели и писмо од нејзиниот син во кое тој пишува дека го пронашол Бог.
-Се уште сум татко, син, без разлика на се. Бог ми го покажа мирот, љубовта и опростувањето и така живам секој ден, вели Ватс.
Тој во ноември минатата година е осуден на пет доживотни казни без право на помилување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.