Мохамед Хадид, инвеститор во недвижности и татко на супермоделите Џиџи и Бела Хадид, ја објави својата свршувачка со ТВ-водителот, автор и претприемач Кени Силва на првиот бал на „Вог Арабија“, што се одржа во Дубаи во петокот.
На црвениот тепих, Кени покажа дијамантски прстен и фустан во боја на слонова коска со корсет и вез од дизајнерот Крикор Џаботијан, додека Хадид носеше класичен црн костум од истиот дизајнер.
„Љубовта нема рок на траење, ниту нашите соништа. Можеш да почнеш одново, повторно да ја пронајдеш љубовта и да, сè уште можеш да ја имаш својата бајка“, изјави Кени за „Вог Арабија“.
Gigi and Bella Hadid’s Father Mohamed Is Engaged to Keni Silva https://t.co/PMaamPHFrr
People (@people), November 16, 2026
Таа додаде дека со својата свршувачка сака да им каже на жените дека нивната приказна не завршува со развод. Авторката на книгата „Развод како можност“ се разведе по 13 години брак и со поранешниот сопруг има ќерка Алексис.
Хадид беше двапати во брак. Од првиот брак со Мери Батлер ги има ќерките Мариел и Алана, а со Јоланда Хадид, со која беше во брак шест години од 1994 година, ги има Џиџи, Бела и Анвар. Од врската со Тери Хатфилд Дал има ќерка, Ајдан Никс.
Хадид ѝ предложи брак во ресторанот „Поло Лаунџ“ во Беверли Хилс. Кени, рече таа, мислел дека го слават успехот на нејзиниот подкаст „Во потпетици со Кени Силва“.
„Она што го сакам кај Кени е нејзината едноставност, нејзината љубов кон животот и нејзината љубов кон нејзините деца“, рече Хадид.
Двојката не брза со венчавката.
„Си дозволуваме да уживаме во овој прекрасен момент“, рече Кени.





