Татко изградил 4 км пат кој преминува преку планина за неговата ќерка да може да оди на училиште

Кога станува збор за родителите и жртвите што тие ги прават за нивните деца да имаат подобра иднина на сите ни е позната. Но, оваа необична приказна за еден татко од Турција што направил за својата ќерка е прекрасна.
Кога малата Гамзе Корут минатата година требала да тргне во градника, од нејзиното село немало пат по кој што би можел да се движи автобус со кој таа би одела во градинка. Станува збор за планинско село кое што се наоѓа во југозападната провинција Мугла, па поради тоа ова село било доста запоставено. Кога родителите на девојчето побарале до општинската и провицинска власт да се реши проблемот со патот тие дале одговор дека тоа прашање не може да се реши затоа што станува збор за земјен планински пат.
Кога нејзиниот татко видел дека проблемот со патот ќе влијае на образованието на неговата ќерка, тој почнал да ја носи до најблискиот магистрален пат со трактор за таа да може да се качи на автобус и да пристигне на училиште.
Тогаш таткото решава целиот проблем да го преземе во свои раце. Тој започнал сам да го изгради патот од неговиот дом до најблискиот магистрален пат. Тој го расчистувалал, ископувал и го рамнел патот.
Потоа изнајмил багер и четири камиони. Општината му позајмила еден камион, а регионалната дирекција за шумарство му позајмиле еден валјак. И тоа било се.
По шест долги и напорни дена, таткото конечно го завршил патот кој изнесувал четири километри и бил прекриен со чакал. Малата Гизме сега имала по удобно возење до училиште, таа и нејзиниот татко не одат до магистралниот пат повеќе со трактор, туку автобусот доаѓа да ја земе од нејзиниот дом.
Меѓутоа, семејството се соочило со нов проблем, долгови. Откако ја потрошиле целата своја заштеда за да ја реновираат својата куќа која што пред три години ја зафатил пожар, тие за патот кој што го изградиле морале да платат 42.000 турски лири.
Но, во моментот кога тие почнале да губат надеж, локалниот гувернер Канер Јилдиз им соопштил дека трошоците за градењето на патот ќе ги покрие провинцијата Мугла. Бидејќи тие биле навистина восхитени од татковата љубов и посветеност да направи нешто толку големо за своето дете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.