Татко се смрзна спасувајќи ја ќерката во Јапонија

Јапонецот Микико Окада се замрзнал штитејќи ја својата деветгодишна ќерка од снежна виулица на јапонскиот остров Хокаидо, објавија во понеделникот локалните медиуми

 Микико Окада починал штитејќи ја својата единствена ќерка Нацуне, од ветрот кој дувал со брзина од 109 километри на час и температура којашто се спуштил ана минус 6 Целзиусови степени.
Тие останале во неволја откако нивниот автомобил останал блокиран во неколку метри високите снежни навеви на патот до училиштето во кое учела Нацуне. Биле пронајдени од спасувачките екипи во неделата наутро, само 300 метри од автомобилот. Таткото мртов, а девојченцето живо во неговата прегратка, замотана во неговиот капут.
Нацуне била измрзната, но од тоа нема да има потешки последици, пренесуваат јапонските медиуми оддавајќи му чест на херојскиот подвиг на нејзиниот татко.
Микико Окада е деветтата жртва на снежната бура која викендов го зафати јапонскиот остров Хокаидо.
Макфакс
Јапонецот Микико Окада се замрзнал штитејќи ја својата деветгодишна ќерка од снежна виулица на јапонскиот остров Хокаи

Пронајдете не на следниве мрежи: