Тајгер Вудс и Линдзи Вон: „Да, заедно сме!“

Иако целиот свет тоа го знаеше, двајцата спортисти сега и официјално ја потврдија својата врска.
Најпознатиот голфер на планетата на својот сајт објавил кратко соопштение во кое ја потврди врската и поставил неколку фотографии со сега и официјалната нова девојка, скијачка Линдзи Вон.
„Линдзи и јас бешме пријатели за некое време, но во последните месеци се промени се и сега се забавуваме заедно. Ве молиме да ја почитувате нашата приватност“, е наведено во соопштението на сајтот нан голферот.
Иако претходно ја негирала врската со Тајгер и Линзи за магазинот „Пипл“ потврдила дека е заљубена „до уши“ во проблематичниот спортист.
„Знам дека ова беше најдобро чуваната тајна, но ние најпрво бевме добри пријатели, а потоа премина во нешто преубаво. Пресреќна сум.“
Американката во моментов се обидува да се рехабилитира заради сериозната повреда на коленото поради која е неизвесно и нејзиното учество на претстојните зимски олимписки игри во Сочи.Иако целиот свет тоа го знаеше, двајцата спортисти сега и официјално ја потврдија својата врска.

Пронајдете не на следниве мрежи: