Тајланд: Новороденчиња добија визири и го разнежија светот

Во болницата „Прарам 9“ во Банкок медицинските службеници на новороденчињата им ставаат визири за да ги заштитат од потенцијално заразување со коронавирус кој во Тајланд одзема 32 животи.
Тајланд: Новороденчиња добија визири и го разнежија светот
Пандемијата на коронавирусот го погоди целиот свет и имајќи предвид дека сите возрасни групи се изложени на ризик, на новороденчињата во тајландската болница им е дадена дополнителна опрема за да се заштитат од можноста од инфекција.


Тајланд: Новороденчиња добија визири и го разнежија светот
Во петокот изутрината се појавија фотографии од новороденчиња од болница во Бангкок со розови визири, кои наскоро станаа хит на Интернет и го разнежија светот.
Тајланд: Новороденчиња добија визири и го разнежија светот


И додека католиците го слават Велигден, во моментов во Тајланд се слави Сонгкаран, нивниот новогодишен ден. Но, со оглед на тоа што Тајланд има 2.423 потврдени случаи на заразени со коронавирус и 32 смртни случаи, а повеќе од половина од случаите се пријавени во Бангкок, прославите нема да се одржат на јавни места. Минатата недела, владата вовела полициски час во целата земја помеѓу 22 и 4 часот наутро.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.