Тајната на голите гради: Еве што прво помислуваат мажите кога ќе ги видат

Не постои маж кој не сака гради, зарем не? Сепак, многу припаднички на понежниот пол се несигурни по прашање на своите адути и често се прашуваат што им поминува на мажите низ глава кога прв пат ќе ги видат. На социјалната мрежа Reddit мажите биле повикани да одговорат на едноставно прашање – што прво помислувате кога таа ќе се соблече прв пат?
Секако, мажите се пресреќни! Сите кои се изјасниле на темата се согласиле дека низ главата им поминуваат само позитивни мисли, а големината и формата на градите не им е важна. Кога станува збор за пуш-ап градници, мажите велат дека се свесни за фактот дека тие ги прават заоблени и подигнати, но бидејќи таков модел носи секоја жена, нив им е вистинска мистерија како изгледаат градите без поддршка и облека.
Мажите се изјасниле и за силиконските гради и секако, ги препознаваат пред да го соблечете градникот. Мажите велат дека силиконските гради најчесто ги гледаат во порно филмови, но невозможно е да им се подметнат силикони како природни гради. Едноставно се свесни дека се со поинаква форма и велат дека не им се интересни како природните гради. 
„Драги дами, опуштете се и покажете ни ги вашите гради. Свесни сме дека сте различни и во тоа е магијата. Градите сами по себе се како сладолед за дете и навистина не е важно каква е нивната форма и големина“, гласи еден од машките коментари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.