Тајната на доброто тело на Софија Вергара

Темпераментната Софија Вергара е омилена јавна личност на многумина не само поради веселоста што секогаш ја носи со себе, туку и поради својот изглед. Телото во форма на песочен часовник е сон на многу девојки и жени. За тоа како таа се грижи за него открива нејзиниот тренер, Џенифер Јатес. За навиките на актерката, за начинот на вежбање и совети, читате во продолжение:
1. Паузата е во ред
– Вообичаено, ако има добар распоред на снимање, што значи има и слободно време, тогаш вежбаме од пет до седум дена, што е многу. Но, исто така, кога е зафатена, прави и големи паузи. Добро е да си дадете и одмор. После тоа телото е уште посилно. Мора да го оставите телото да се одмори, дури и ако не вежбате секој ден. Ако мускулите се исцрпени, тогаш сте поподложни на повреди.
2. Не, не мора да трчате
Како и повеќето и Вергара не е голем љубител на трчањето, па оди по лента за да ги развие мускулитие на нозете. Понекогаш вози велосипед на 15 минути. Ако не сакате да трчате, тогаш пешачете. И тоа со брзина што ќе ја зголеми и брзината на дишењето, но не премногу. Не џогирајте, подобро пешачете брзо.
3. Сакајте ги облините
– Софија сака формирани мускули и сака облини. Во вежбите сака да вметне и кардио, но за неа пешачењето е ефектно.
4. Менувајте ги вежбите
– Помислата дека секој ден треба да трчате е страшна и исцрпувачка за многумина од нас, затоа е подобро да ја менувате рутината. Два пати неделно работиме вежби за задник, затоа што тоа е дел од телото на кој таа навистина сака да се посвети. Неколку пати го вежбаме горниот дел од телото и стомачни.
5. Можете да вежбате и од дома
– Сè што ви е потребно е важата тежина. Клекнувањата се одлични. За време на сезоната на „црвени килими“ навистина многу обрнуваме внимание на гордниот дел од телото и стомачните муксули. Планк вежбите се исто така одлични. Тоа е една од најдобрите вежби што можете да ги направите.
6. Не морате да вежбате секој ден
– Би препорачала два до три пати неделно, или 30 минути секој ден. Многу луѓе немаат време за вежбање, имаат семејство, работа, деца на училиште. Но, 30 минути дневно е нешто изводливо. Можете 15 минути да пешачите наутро и 15 минути стомачни на вечер. Да се биде активен е многу важно и помага со стресот и со здравјето. Не се работи само за изгледот или за тоа да се намали тежината.
7. Започнете со клекнувањата
– Софија го прави тоа многу често, и лесни се. Само треба да внимавате да не ги исфорсирате колената, туку да функционирате преку зглобовите. Затоа, јас ставам клупа позади неа, така што отпорот ќе го дава со квадрицепсот. Вие можете тоа да го правите со обично столче. Седнувањето и станувањето од столче е одлична вежба. Ако направите 25 такви „седнувања“, тоа е одличен старт.
8. Јадете пица
– Моите клинети ги третирам на начин дека никогаш не треба да се чувствуваат лошо ако уживаат во некоја храна. Ако сакате да јадете пица или колач, ок. Но, не претерувајте со цела пица или 10 колачи. Забраната за одредена храна само ќе ја зголеми потребата. Да се има баланс е многу важно. Преку неделата придржувајте се на правилната исхрана, а за викенд дозволете си од „слатките“ задоволства. Сè е во балансот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.