Тајната формула на Марија Шерифовиќ за победата на Џејла Рамовиќ

Џејла Рамовиќ е победничката на музичкото шоу “Ѕвезите на Гранд“, па младата девојака од Горажде призна дека една реченица на нејзината менторка и дала ветар во грб и насока “како до победа“.
“Немав вистинска амајлија, само носам брезлетна која никогаш не ја вадам. Секој кандидат потајно се надеваше на победата. Ние сме во финале и буквално секој има право да се надева, но јас не се надевав премногу за да не се разочарам“, е почетокот на приказната на Џејла.
Менторка на Џејла во ова натпреварување и беше Марија Шерифовиќ, која и дала совет до кој младата пејачка, очигледно се придржувала.
“Пеј да ти биде убаво и на жирито да му биде срам да не гласа за тебе, се зборовите на пејачката кои несомнено биле вистински патоказ до освојувањето на првото место во “Ѕвездите на Гранд“

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.