Тевез му донесе три бода на Сити

Манчестер Сити, на гостински терен ја совлада Астон Вила во последниот натпревар од 28.коло во Премиер лигата.

Сити на „Вила Парк“ во Бирмингем славеше минимално со 1:0, со голот на Карлос Тевез постигнат во финишот на првото полувреме. Аргентинецот против Астон Вила го постигна деветиот гол оваа сезона во Премиер лигата. Сити во второто полувреме постигна уште еден гол, кој беше поништен поради офсајд во кој беше Един Џеко. Актуелните шампиони на Англија со оваа победа ја одржаа негативата од 12 бодови во однос на градскиот ривал Манчестер Јунајтед.
Макфакс
Манчестер Сити, на гостински терен ја совлада Астон Вила во последниот натпревар од 28.коло во

Пронајдете не на следниве мрежи: