Тексашкиот демократски конгресмен Хенри Куејар обвинет поради корупција

Федералното обвинителство на САД поднесе тужба синоќа против конзервативниот демократски конгресмен Хенри Куејар, кој заедно се неговата жена се обвинети за земање поткуп од речиси 600.000 долари од странски извори.Тужбата е дел од долготрајната истрага за работата на конгресменот водена од Федералното биро за истраги. а се донесува на неговите врски со Азербејџан.Од 2014 до 2022 година Куејар и неговата сопруга, Имелда Куејар, примиле поткупи од енергетска компанија контролирана од Азербејџан и од банка од Мексико, а за промоција на нивните интереси на Капитол хил, се вели во обвинението.Според документот, тие се товарат за завера, примање поткуп, перење пари и други обвиненија.Двајцата синоќа се појавија во федерален суд во Хјустон и беа ослободени со кауција во висина од 100.000 долари за секого.Куејар, член на Претставничкиот дом од јужен Тексас, е поранешен претседавач на конгресната група за пријателство со Азербејџан.Тој ветувал дека ќе влијае да се носат закони во корист на Азербејџан во однос на пограничниот конфликт на оваа земја со Ерменија, како и да се изврши притисок врз администрацијата на Бајден против нејзините напори за борба со перењето пари од што страдала банката од Мексико. Ова се само дел од напорите што конгресменот ги правел, се вели во тужбата.Лидерот на демократското малцинство во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, побара од Куејар да отстапи од членството во поткомитетот за внатрешна безбедност и апропријации додека трае процесот против него

Пронајдете не на следниве мрежи: