Телма дознава: Мерки за претпазливост наместо домашен притвор барале инспекторите Паунов и Димитриев осомничени за соработка со газдата на „Пулс“

Мерки за претпазливост наместо домашен притвор барале и добиле од кочанскиот суд инспекторите осомничени дека соработувале со газдата на дискотеката Пулс. Сепак ваквата одлука на судот не е конечна, бидејќи Апелациониот суд во Штип се уште не одлучил по жалбата. Се жалело обвинителството па се чека конечната одлука.
Двајцата осомничени инспектори од УЈП, Драган Паунов и Дуле Димитриев барале да им се укине првичната мерка домашен притвор која им ја одреди кочанскиот суд. Истиот деновиве одлучил по нивното барање дека сепак треба да се бранат со мерки на претпазливост дознава Телма.
Ова го потврдија и од обвинителството и адвокатот на Паунов.
Мерките кои ги одредил судот во Кочани се тие да не ги напуштаат градовите во кои живеат, да се јавуваат во судот, а ќе треба да им бидат одземени и пасошите.
Кај осомничениот во меѓувреме се појавиле кардиолошки здравствени проблеми, па судот ја ценел ваквата околност. Според информациите на Телма и другиот осомничен инспектор имал здравствена документација како доказ за укинување на мерката притвор.
Одлуката судот ја донел изминатава недела.

Пронајдете не на следниве мрежи: