петок, 13 ноември 2026
Најново

Телото на загинатиот пожарникар од Штип предадено на обдукција

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Според изјавата на портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова настанот се случил вчера околу 17:15 часот. Во гаснењето на пожарот на запален оџак во зграда во населбата Автокоманда на пожарникарот Џонов му се влошила здравствената состојба, при што паднал. Неговите колеги му ја дале потребната помош, но од страна на лекарите на Итнатата медицинска помош на местото на настанот е констатирана смрт.
И портпаролот на Клиничка Болница-Штип, Марина Шуманска потврдува дека синоќа од страна на екипа на Брзата помош е донесен починатиот, а лекарите само констатирале смрт. Од страна на јавен обвинител е наредено врз телото на починатиот да се изврши обдукција, по што ќе се знаат причините за смртта на 57- годишниот штипски пожарникар Ѓорѓи Џонов, кој почина синоќа гаснејќи пожар.

 

 

Поврзани вести