Телото на убиената девојка пронајдено во главниот град: Филипинецот го ставил во куфер и го фрлил во провалија (ФОТО)

Телото на Иларија Сула (22), студентка Албанка, вчера е пронајдено во затворен куфер фрлен во провалија во близина на Рим.Иларија била исчезната од 25 март, кога исчезнала во областа Фурио Камило во Рим, а нејзиното тело го пронашле планинари кои често биле во шумска област во Поли, предградие на италијанската престолнина.Иларија неодамна била во врска со Филипинец (23) кој полицијата го идентификувала и го уапсила под обвинение за убиство и криење на телото.Анализирајќи го телефонот, дознале дека тој објавува сториња на нејзиниот Инстаграм од нејзиниот телефон.Во потрагата покрај семејството учествувале и бројни пријатели и колеги, а нејзиното исчезнување и трагичен крај ја потресе цела Италија.Филипинецот е уапсен во неговиот стан, каде го извршил убиството. Полицијата извршила истрага, а тој со нож ја убил несреќната девојка, а потоа ја ставил во куфер.Потоа ја однел во провалија каде го фрлил куферот со нејзиното тело, а во него до денес била несреќната девојка.Форензичарите сега вршат дополнителни анализи, а ситуацијата за убиецот може да стане уште потешка доколку истражителите најдат дополнителни докази.Вечерта кога исчезнала, Иларија брзала и не зела ништо од станот освен телефонот, а родителите рекле дека извесно време се уште одговарала на пораките што и ги праќале, но сега не е јасно дали навистина ги напишала и дали тоа го сторил осомничениот за убиството на 22-годишната студентка.

Пронајдете не на следниве мрежи: