Телохранителите на Ким повторно станаа хит на интернет: Погледнете како скокаат во автомобили во движење

Самитот на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун заврши неуспешно, а на социјалните мрежи започнаа да се појавуваат многу интересни снимки од Ханој.

Познато е дека Ким има многу телохранители во своја придружба, а овој пат камерите ги фатиле во интересен момент. Сите биле облечени во одела и еден по еден скокале во автомобилите во движење. Не е јасно зошто толку брзале, но Твитер заедницата понудила многу интересни одговори:

Се регрутираат од Корејската народна армија, мора да бидат иста висина со лидерот, да имаат добар вид, да знаат добро да пукаат од пиштол и да се занимаваат со боречки вештини. Личното обезбедување на Ким е дел од Врховната гарда која ја штити владејачката фамилија на Северна Кореја со децении наназад.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.