четврток, 12 ноември 2026
Најново

Температурите уште повеќе ќе паднат- Следи големо заладување

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Под влијание на многу посвежа воздушна маса која продира од север понатаму ќе услови нов пад на температурите на воздухот и истите до утре изутрина понекаде ќе се спуштат и под 10°C,, односно минималните температури на воздухот до утре изутрина ќе се спуштат во интервалот од 9 до 18 степени во најтоплите предели од државава. На планинските места температурите на воздухот се очекува да се спуштат дури и под 5°C. Со ова температурите ќе бидат под просекот за овој дел од годината односно ќе бидат пониски од нормалните.


Ќе продолжи да дува умерен, повремено и тоа особено Долж Повардарието засилен ветер од северен и од северозападен правец а времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, локално и подолги додека и понатаму се очекува локална појава на пороен дожд и грмежи.
Оваа нагла и голема промена на времето многу лошо ќе влијае особено врз метеопатите каде се можни и поголеми здравствени проблеми.

Поврзани вести