Температури до 36 степени: Денес сончево и топло

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието.
УВ индексот ќе биде висок и ќе изнесува 8.
Дневните температури на воздухот ќе се движат од 25 до 36 степени, најтопло и денеска во југоистокот од државата.


Во Скопје се очекува сонце и мала облачност со умерен северен ветер. Температурите во главниот град ќе се искачат до 33 степени целзиусови.
И во среда ќе дува засилен северен ветер, облачноста повремено ќе се зголемува, а дневната температура ќе се намали за 3 до 4 степени.
Од четврток температурата повторно ќе биде во пораст, а за време на викендот се очекува попладневна нестабилност со локален дожд и грмежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.