сабота, 28 ноември 2026
Најново

Тензии кај Ормутскиот теснец: Иранските сили гаѓале трговски бродови

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Британската Агенција за поморски трговски операции (UKMTO) соопшти дека бродови на Иранската револуционерна гарда (IRGC) отвориле оган врз танкер на околу 35 километри североисточно од Оман.

Според информациите, капетанот на танкерот пријавил дека два воени брода пукале без претходно радио предупредување, но додал дека екипажот и пловилото се безбедни.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во меѓувреме, најмалку уште два трговски брода пријавиле дека биле под оган додека се обидувале да минат низ Ормутскиот теснец, објавија британските медиуми, повикувајќи се на неименувани извори запознаени со ситуацијата.

Поврзани вести