Познатата француска тенисерка Осеан Додин ги полни страниците на медиумите во последните месеци, но не само поради нејзините резултати на теренот – иако неодамна стигна до полуфиналето на ИТФ турнирот во Англија!
На социјалните мрежи се појавија објави од атрактивен тренинг по пилатес, каде Додин покажува завидна форма во предизвикувачка опрема на „OnlyFans“. Во розови хеланки и спортски маица со јасно истакнато лого на платформата, тенисерката комбинираше фитнес, провокација и самодоверба, и, како што вели, ги „почасти“ фановите со содржина каква што немале можност да видат претходно.
Професионалната кариера ја започна во 2011 година, својот најдобар пласман го постигна во 2017 година кога беше 46-та во светот, а во кариерата ја има и ВТА титулата во Квебек од 2016 година. На Отвореното првенство на Австралија во 2024 година стигна до четвртфиналето, што е нејзин најдобар резултат на Гренд слем турнирите.
Сепак, таа го пропушти овогодинешниот АО со причина и сега истовремено се обидува да балансира помеѓу спортот и гореспоменатите неспортски активности.
Интересно е што експертите проценуваат дека таа би можела да заработи околу 2,85 милиони долари годишно само од OnlyFans, што е повеќе од вкупниот награден фонд што го собрала за време на нејзината професионална кариера.
Посебно внимание предизвика и нејзината искрена изјава за зголемувањето на градите, што го направи на есен минатата година.
– Тоа е нешто што сакав да го правам долго време. Ја искористив паузата бидејќи по операцијата мора да паузирате околу два месеци, а во текот на сезоната тоа не е можно. Ако веќе морам да паузирам шест месеци, подобро да правам што сакам. Сега е подобро отколку на 40 години. Многу сум среќна, не се каам и воопшто не ме мачи – рече Додин.
The post Тенисерката направи „жежок тренинг“ во опрема на OnlyFans: Милиони на повидок поради нејзините гради и задник appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



